За нас

Со историја што датира од 1991, ARTHUR’S почнува со својата работа во Скопје. Истата година ARTHUR’S  почнува да врши увоз на познатите светски брендови: Converse, NIKE и Reebok.
Продажбата континуирано се зголемува како резултат на огромниот интерест за спортската опрема што се промовира во тој период.Наредната година 1992, ARTHUR’S станува екслузивен дистрибутер за англискиот бранд DR.Martens.
Големата разновидност на чевли и чизми допринесуваат брза експанзија на брандот на територијата на Македонија, издигнувајќи го на тој начин ARTHUR’S  меѓу најдобрите увозници за таков вид облека и опрема во земјата.
Во текот на годините од својот развиток, ARTHUR’S  отвора три продавници за спортска опрема на територијата на град Скопје и го проширува увозот на опрема од дриги производители како: Спеедо и Арена.
До 1996та, ARTHUR’S  веќе е една од најпознатите фирми на територијата на цела Македонија, која се занимава со увоз на спортска опрема. Увезените колекции се наменети за младата популација која сака стилот на нивната спортска опрема да биде во сооднос со стилот на нивното активно живеење.Во 2000та, ARTHUR’S го стопира увозот на брендовите Нике и Реебок, но станува ексклузивен дистрибутер на холандската фирма Highroad.
Во истото време дистрибутивната мрежа се шири и кон други помали и поголеми градови во Македонија како: Велес, Кочани, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Битола и Гостивар.Во 2001та, ARTHUR’S  станува ексклузивен дистрибутер на италијанската модна куќа Пхард за територијата на Косово.
Во двете ново отворени продавници во центарот на Приштина, може да се најдат најновите колекциите од оваа модна куќа.Наредната година (2002) е многу динамична бидејќи ARTHUR’S  станува ексклузивен дистрибутер за територијата на Косово на уште две италијански модни куќи. Miss Sixty  и ENERGIE се приклучени кон големото семејство на меѓународни брендови кои се продаваат во продавниците на ARTHUR’S  низ Република Македонија и Косово.
Увезените колекции на спортски обувки и текстил за мажи и жени се модерни и оригинални. ARTHUR’S  исто така продава огромен број на дополнителна опрема задоволувајќи ги на тој начин секојдневните и професионални барања на своите потрошувачи. Главната цел на ARTHUR’S  е да ги открие и задоволи потребите првенствено на потрошувачите но и на дистрибутерите кои ги продаваат овие колекции низ Република Македонија и Косово.
KONTAKT ARTHUR'S
Contact Us
Contact Us